spaked mace - онтологија

боздоган повеќе

мн. боздогани
Вид збор: Именка, машки род
Средновековно ладно оружје, железна топка со боцки и со куса рачка погодна за фрлање и удирање на противникот.
Турски: bozdoğan
Употреба: Историја
Примери:
На самарот од шарениот коњ стоеше голем и тежок боздоган.

салма повеќе

мн. салми
Вид збор: Именка, женски род
Оружје во вид на метална топка на синџир или на ремен.
Употреба: Архаизам

токмак повеќе

мн. токмаци
Вид збор: Именка, машки род
Мал топуз, боздоган.
Турски: tokmak Албански: topuz
Употреба: Архаизам

топуз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
боздоган
Турски: topuz Албански: topuz
Употреба: Архаизам